Шкупи е нов лидер – Една грешка на Силекс, триумф на чаирчани (ВИДЕО)

Шкупи е нов лидер во елитниот шампионат на Македонија, барем до утрешниот натпревар на Шкендија. по триумфот од 1-0 против Силекс во првиот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.

По израмнетото прво полувреме, без многу можности и на двете страни, Шкупи на натпреварот кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари до триумфот дојде со погодокот на Бесар Исени во 53. минута кој искористи една катастрофална грешка на дефанзивецот на Силекс, Даниел Карчески.

 

До крајот на мечот, домашните рутински ја одржуваа предноста за конечна победа. Тантуровски во 76. минута постигна гол за кратовци, но оправдано поништен поради офсајд-позиција.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0

УТРЕ (14:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Струмица: БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Се вчитува...