Шкупи ги почна зимските подготовки

Македонскиот прволигаш Шкупи денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од првенството. Во многу пријатна атмосфера, откако клубот неодамна доби нов спонзор, тренерот Ардијан Нухиу ја одржа првата прозивка на фудбалерите и означи почеток на зимските подготовки.

Првите денови ќе се одработат во балон во Чаир, а од понеделник тимот ќе се пресели со тренинзи на стадионот во Ѓорче Петров. Шкупи ќе остане во Македонија до 20.јануари, а потоа ќе се пресели во Анталија, каде ќе има идеални услови за подготовки и одигрување на пријателски натпревари.

Се вчитува...