Шкупи ги промовираше и Ѓоргиевски и Илиески (ФОТО)

Продолжуваат засилувањата во редовите на Шкупи пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа. Тимот од Чаир ги промовираше и најновите две засилувања, десниот бек Бојан Ѓоргиевски како и централниот дефанзивец Дарко Илиески.

Ѓоргиевски пристигна од редовите на Работнички, а претходно во својата кариера има настапи и за БАТЕ Борисов, Сконто Рига, Нефтохимик, Теута, како и за домашните Вардар, Металург и Хоризонт Турново.

Илиески, пак, пристигнува од редовите на Тиквеш а претходно има настапи и за 11 Октомври, Металург, Победа како и ерменскиот прволигаш Ширак.

„Секако задоволство е што ќе бидеме дел од Шкупи, клуб со долга традиција и бројни трофеи. Подготвени сме да му помогне на тимот, како на домашната сцена така и во Лигата на Европа“ – истакнаа Ѓоргиевски и Илиески по денешната промоција во новиот клуб.

Претходно, Шкупи денеска го промовираше и Мевљан Адили кој се враќа во клубот по епизодата во литванскиот Жалгирис.

Се вчитува...