Шкупи го донесе „лавот“ Нето, го отпушти голманот Тулио

Шкупи го официјализираше трансферот на Бразилецот Нето, кој пристигнува во редовите на Македонија ЃП. Бразилецот беше член на „лавовите“ од Ѓорче Петров, настапувајќи на 39 средби за оваа екипа, како и на двата натпревари од квалификациите за Лигата на Европа. Сепак, 25-годишниот дефанзивец реши да си замине од оваа екипа и ја прифати понудата за едногодишна соработка со Шкупи. Тој ќе дебитира за тимот на Ќатип Османи на денешниот пријателски натпревар против Нефчи во Анталија.

Покрај Нето, Шкупи го официјализираше и договорот со 22-годишниот голман Филип Лазаревски, кој веќе се приклучи на подготовките на скопскиот прволигаш во Анталија. Станува збор за чувар на мрежата што ја почна кариерата во Металург, по што настапуваше за Еуромилк, Борец Велес и за Кораби. Лазаревски го зазема местото во тимот на бразилскиот голман Тулио, со кого беше раскинат договорот.

Воедно, Шкупи потпиша двогодишен договор и со Рамин Али, членот на младинската екипа на Шкендија, кој со прикажаното во изминатиот период го убеди тренерот Османи да му понуди договор за да остане во Чаир.

Се вчитува...