Шкупи го победи Силекс и кажа НЕ на расизмот и национализмот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи ќе преноќи на лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, барем до утрешниот натпревар на Шкендија, по победата над Силекс од 1-0 во првиот натпревар од 10. коло.

Триумфот на чаирчани следеше благодарение на грешката во одбраната на гостите која умешно ја искористи Бесар Исени во 53. минута за погодок вреден три бода.

Натпреварот, пред почетокот, мина и во знакот на одбележувањето на ФАРЕ неделата која се одржува под мотото „ФУДБАЛСКИ ЛУЃЕ“ а обединува фудбалски навивачи, поддржувачи, клубови, играчи,  групи и заедници кои се борат против дискриминацијата во фудбалот и спортот. Шкупи и Силекс одиграа квалитетен дуел давајќи црвен картон на национализмот и расизмот…

 

 

Се вчитува...