Шкупи го вклучи младиот Сулејман во првиот тим и го потпиша Омерагиќ

Шкупи вечерва доби две нови имиња во своите редови. Станува збор за Омер Сулејман, 16-годишен фудбалер кој што потекнува од фудбалската школа на тимот од Чаир, и сега ќе има можност да биде дел од првиот тим. Сулејман потпиша тригодишен професионален договор со тимот.

„Ми стана сон да станам дел од првиот тим кој ми е во срцето. Чест ми е да учам од тренер како Седлоски и од другите играчи“, рече Омери.

Исто така Шкупи го промовираше и Азер Омерагиќ како ново засилување во тимот. Станува збор за 19-годишен напаѓач, кој беше дел од младинскиот тим на Хајдук Сплит. Азер е син на поранешниот играч на тимот од Чаир, Масар Омерагиќ.

„Голема е одговорноста да играм во клуб со историја и со амбиции. Ќе се обидам да дадам се од себе за да ги оствариме целите, и да ги радуваме нашиоте навивачи“, рече Омерагиќ.

Омерагиќ потпиша на 1,5 година.

Се вчитува...