Шкупи и Брегалница натпреварот од 12. коло ќе го играат во петок

Натпреварот на ФК Брегалница на гостински терен против Шкупи од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра ден порано во однос на останатите дуели, во петок на 29. октомври.

Поради директен пренос на натпреварот меѓу Шкупи и Брегалница на Македонската телевизија и на Арена Спорт, одлучено е истиот да се игра на 29. октомври со почеток од 14 часот на стадионот Чаир во Скопје.

Се вчитува...