Шкупи ќе тестира со Нефчи, Челик…

Шкупи ги договори пријателските натпревари за време на својот престој во Анталија, Турција.

По првите два тренинзи во турската подготвителна база, тимот на Ќатип Османи полека се подготвува и за првите тест дуели. Првиот пријателски натпревар ќе биде веќе утре против Нефчи Кочкор од Киргистан.

На 29. јануари чаирчани ќе играат со Челик од Зеница, а на 6. февруари закажан е натпреварот со романскиот второлигаш Рипенсија од Темишвар. Останува да се пополни уште терминот за 2. февруари.

Се вчитува...