Шкупи на тестови со Лех Познањ, Черноморец, Ахмат Грозни… во Анталија

Екипата на Шкупи на 5. јануари ги стартува подготовките за новата сезона во македонскиот шампионат.

По првата подгототвителна фаза која ќе се реализира во Скопје, фудбалерите на Шкупи од 15. јануари до 2. февруари ќе минат на подготовки во Анталија.

Според најавите, чаирчани во Анталија ќе одиграат пет пријателски натпревари од кои засега познати се дуелите со Лех Познањ од Полска на 18.јануари, потоа со украински Черноморец на 26.јануари како и со Ахмат Грозни од Русија на 31. јануари.

Се вчитува...