Шкупи одигра без голови со Нефчи од Киргистан

Шкупи го одигра првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки во Анталија, ремизирајќи без голови со Нефчи Кочкор од Киргистан.

Македонскиот прволигаш беше далеку подобар на теренот од противникот, но не успеа да реализира неколку убави можности за погодок по што мораше да се задоволи со реми.

Шкупи на дуелот против тимот од Киргистан настапи во следниот состав: Алексовски, Демир, Ндонг, Кривањева, Илиески, Исени, Билали, Диак, Сержињо, Дембо и Бериша.

Следниот пријателски натпревар на чаирчани во Анталија е на 29. јануари против Челик од Зеница.

Се вчитува...