Шкупи одигра реми без голови со Приштина

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи ремизираше без голови против тимот на Приштина на стадионот „Фадиљ Вокри“ во подготвителен натпревар за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тимот од Чаир летово играше и во Лигата на Европа каде во првото коло беше елиминиран од ерменскиот Пјуник, откако иако имаше поволен резултат по првиот меч (3-3) во реваншот на арената „Тодор Проески“ во Скопје загуби со 1-2.

Во првото коло во сезоната 2019/2020 Шкупи го пречекува новајлијата во елитното друштво, Борец кој денеска беше подобар од Кит Го со 3-1.

Се вчитува...