„Денеска ја завршувам мојата обврска како тренер на Шкупи. Поднесов оставка до челниците на клубот. Исто така ги информирав и играчите за моето заминување. Сакам да се заблагодарам на сите кои ми беа поддршка изминатава година и беа со мене и во добро и во лошо“ – вели Каран.
Согласно шпекулациите изминативе денови, причината за заминувањето на Каран не е резултатски аспект, но наводно, иако тој самиот не потврдува, мора да се врати во Турција каде го очекува казна затвор од 20 месеци поради осуда за сексуален напад од 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА