Шкупи почна со подготовки за Лигата на Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи по подолг период повторно има европски предизвик и од денеска тимот од Чаир е во погон. Тренерот Умир Каран го одржа првиот тренинг со фудбалерите, а на него присуствуваше и новото засилување Фатјон Јусуфи, како и тројцата повратници во составот кои беа на позајмица, Јусуф Алиу, Мусли Лика и Бесир Рамадани.

Шкупи утре ќе го дознае името на првата пречка во квалификациите во Лигата на Европа.

 

Се вчитува...