Шкупи поразен на пријателскиот дуел со Бешикташ во Истанбул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи доживеаја убедлив пораз од 3-0 (2-0) на пријателскиот натпревар со турскиот гигант Бешикташ кој се одигра во Истанбул.

Турците победата си ја обезбедија уште во првото полувреме со два погодоци по само 15 минути игра. Топал со глава погоди во 12. минута, а потоа и Бразилецот Тешеира во 16. минута зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Јалчин во 50. минута ги постави конечните 3-0.



Гоце Седлоски на дуелот настапи во најсилниот свој состав, но чаирчани не успеаја да запишат барем погодок против моќниот Бешикташ.

Се вчитува...