Шкупи потпиша двегодишен договор со Дарбое

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи потпиша договор со интернационалецот од Гамбија, Дембо Дарбое. Дарбое потпиша двогодишен договор со клубот од Скопје, со можност за продолжување на уште една година доколку и двете страни бидат задоволни. Тој во Шкупи беше на тест период од месец јуни, а откако ги задоволи барањата на прволигашот доби и договор.

„Јас сум многу среќен што ќе бидам дел од Шкупи. Тоа ќе биде ново искуство за мене и ветувам дека ќе дадам максимум за успешна сезона на клубот“, изјави накратко Дарбое. 

Тој во минатото ги бранеше боите на Талиндинг Јунајтед, Реал де Бањул и Асак Ндиамбур.

 

Се вчитува...