Шкупи пред елиминација: Убедлив пораз од Санта Клара среде Скопје

Фудбалерите на Шкупи се пред елиминација во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига откако доживеаја висок пораз од 0-3 (0-1) во првиот натпревар од португалската Санта Клара.

Португалците ја оправдаа фаворитската улога сосема заслужено стигнувајќи до победата откако умешно ги искористија грешките во домашната одбрана.

Санта Клара до предноста од 0-1 дојде со автоголот на Ратубајае во 30. минута.

Веќе на стартот од вториот дел беше и 0-2 откако португалскиот тим постигна гол преку Карлос во 49. минута.

Конечните 0-3 беа дело на Жоао Коста во 93. минута од натпреварот.

Сосема е јасно дека избраниците на Гоце Седлоски против португалскиот тим го завршуваат европското лето. По домашните 0-3 јасно е дека само чудо може да се случи за да Шкупи го дочека третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Се вчитува...