Шкупи прокоцка два гола предност против Челик

Екипата на Шкупи ремизираше 2-2 на пријателскиот натпревар против прволигашот на БиХ, Челик, што избраниците на Ќатип Османи го играа како дел од подготовките во Анталија.

Шкупи беше подобар противник во голем дел од натпреварот, па дојде до заслужено водство пред крајот на полувремето преку Илиески. Македонскиот претставник поведе и со 2-0 со голот на Бесар Исени во 60. минута, но потоа тренерот Османи реши да им даде шанса на дел од помладите фудбалери, вадејќи ги од игра клучните играчи на Шкупи.

Челик знаеше како да го искористи тоа, па во 75. минута намали со пеналот на Махмутовиќ, пред Црнички во самиот финиш да ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...