Шкупи против ирскиот шампион во квалификациите во футсал Лигата на шампионите

Македонскиот футсал шампион Шкупи го доби противникот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Противник на Шкупи во квалификациите ќе биде шампионот на Република Ирска, Блу Меџик Даблин.

Доколку го помине првиот противник Шкупи ќе се квалификува меѓу 32. најдобри екипи на стариот континент. Натпреварот на кој Шкупи ќе биде домаќин ќе се игра во периодот од 24. до 29. ноември.

Се вчитува...