Шкупи против Санта Клара по цена од 200 денари

Шкупи ги пушти во продажба билетите за натпреварот од 2. квалификациска коло во УЕФА Конференциската лига против Санта Клара.

Како што информираат од клубот, од денеска од 16 часот па до 20 часот, билети за натправерот со португалскиот тим ќе се продаваат во скопската чаршија, во близина на бар Каимук. Утре билетите ќе се продаваат во терминот од 15 до 22 часот. Цената на билетите е 200 денари.

Натпреварот меѓу Шкупи и Санта Клара се игра во четврток (22. јули) со почеток од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...