Шкупи ремизираше без голови со Карабах на првиот тест во Анталија

Шкупи ремизираше без голови против азербејџански Карабах во првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Тимот од Чаир одигра квалитетен натпревар против лидерот во азербејџанскиот шампионат. Во првото полувреме Шкупи имаше неколку одлични можности кои не успеаја да ги реализираат Кристијан Стојкоски, Ермедин Адем и најновото засилување, младиот косовски интернациналец Рон Броја.

Следниот тест на Шкупи во Анталија е во сабота (27. јануари) против Стал од Украина.

Се вчитува...