Шкупи се засили со Американците Рендолф и Хил

По последниот пораз од Шелистер во Чаир, КК Шкупи за продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига се засили со Американците Дариуш Рендолф и Дензел Хил.

Претходно, како што е познато, чаирчани ги подновија играчките редови со Ервин Цого и Џонатан Догбош, за да со двајцата нови Американци како и со Виктор Серафимовски кој пристапи од редовите на Гостивар, се докомплетира ростерот за продолжението од сезоната.

И двајцата Американци како и Серафимовски имаат право за настап веќе на следниот натпревар против МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ на 24. јануари.

Се вчитува...