Шкупи се засили со десниот бек Филип Стојановски

Шкупи за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили и со десниот бек Филип Стојановски.

22-годишниот Стојановски потпиша едногодишен договор со чаирчани, засилувајќи ја одбраната на тимот.

Претходно во својата кариера Стојановски има настапи за Вардар, Аполон, Раднички како и Македонија ЃП.

Се вчитува...