Шкупи се засили со поранешни младински репрезентативци на Сенегал (ФОТО)

Во очекување на настапот во квалификациите за Лигата на Европа, Шкупи денеска официјално ги промовираше и првите свои засилувања во овој преоден рок – тројца поранешни младински репрезентативци на Сенегал.

Нови имиња меѓу чаирчани за новата сезона се 27-годишниот офанзивец Абубакрин Сал чиј последен клуб беше Ал Тае во Саудиска Арабија.

Ново име е и 24-годишниот фудбалер од средниот ред Оумар Гуидаби, како и 19-годишниот Ламине Диак, актуелен член на репрезентацијата до 20 години на Сенегал, кој доаѓа од фудбалската академија на Осло.

И тројцата потпишаа едногодишни договори со Шкупи, со можност за продолжување на истите на уште една година.

Се вчитува...