Шкупи се засилува и со Босанецот Марин Јурина од Челик

За престојните европски настапи Шкупи се засилува и со босанскиот напаѓач Марин Јурина кој во редовите на чаирчани треба да пристигне на шестмесечна позајмица.

25-годишниот Јурина изминатава полусезона беше дел од Челик, а на инсистирање на Умит Каран до крајот на годината ќе биде во редовите на Шкупи.

Јурина минатата сезона одигра 23 натпревари за Челик постигнувајќи два гола. Претходно во својата кариера бил член и на Хајдук, Зрињски, Задар, Копер, Анкаран и Кршко.

Се вчитува...