Шкупи со два гола предност ќе патува на реваншот кај Лапи (ФОТО)

Шкупи со предност од 2-0 ќе патува на реваншот кај косовски Лапи во првото коло од новоформираната Конференциска лига на УЕФА.

Натпревар во кој чаирачни беа подобар противник и заслужено дојдоа до убава предност пред реваншот во Косово. Кире Маркоски во 36. минута донесе водство за прволигашот, додека конечните 2-0 беа дело на Абдул Руатубаје во 94. минута.

Реваншот меѓу Шкупи и Лапи ќе се игра за седум дена во Косово.

Се вчитува...