Шкупи со хрватскиот Ново Време, Омонија и ерменски Лео во главните квалификации за ЛШ

Македонскиот футсал шампион Шкупи, по успешното минување на претквалификацискиот циклус со три победи од исто толку натпревари, ќе игра во Групата 6 од главните квалификации за Лигата на шампионите.

УЕФА официјално ги објави групите од главната рунда квалификации. Шкупи е во група заедно со хрватскиот шампион Ново Време од Макарска, со кипарскиот шампион Омонија и со ерменскиот Лео футсал клуб.

Натпреварите ќе се играат од 8. до 13. октомври а домаќин ќе биде Ново Време во Хрватска. Единствено првопласираната екипа ќе обезбеди настап во елитната рунда.

Се вчитува...