Шкупи со победа над Кардиф ги почна квалификациите за футсал Лигата на шампиони

Македонскиот футсал шампион Шкупи со победа над велшкиот Кардиф од 5-0 ги стартуваше квалификациите за Лигата на шампионите.

Агуши донесе водство за шампионот на Македонија во 10 минута. Две минути подоцна Чека зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Глигоров во 24. минута донесе водство од 3-0, четири минути подоцна Димоски зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Чека со својот втор погодок во 30. минута.

Утре Чаирчани ги очекува меч со андорскиот Енкамп кој денеска во првото коло во групата Б загуби од летонскиот Даугавпилис со 7-3. За потсетување првопласираниот тим од квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје ќе обезбеди пласман во групната фаза од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...