Шкупи со рекордна победа против Енкамп од Андора во претквалификациите за ЛШ

Македонскиот шампион во футсал, екипата на Шкупи запиша рекордна победа во претквалификациите за Лигата на шампионите. Шкупи во второто коло од претквалификациите триумфираше со убедливи 11-1 (6-0) против Енкамп од Андора.

По триумфот и во првото коло претходно и против Кардиф, Шкупи во сабота против литванскиот Локомотив ќе брка само реми за да обезбеди место во финалето. И Локомотива по првите две кола е со две победи и максимален ефект.

Се вчитува...