Два повеќе од интересни натпревари денеска за заокружување на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи на Чаир го пречекува Вардар како потсетување на некогашните шампионски „спектакли“ кои ги демонстрирале двата тима, иако сега со две сосема различни позиции на табелата секој со своите битки оваа сезона – Шкупи за шампионската круна, Вардар за опстанок во елитата.
Но, тоа ниту најмалку не ја намалува тежината на натпреварот, кога се двата тима во прашање.
„Знаеме дека тоа е дерби натпревар по имињата на двата клуба кои играат, но за нас ова е како и секој друг натпревар, кој мирно го очекуваме. Секако, работевме со голема посветеност и се подготвивме со надеж и верување дека можеме да дојдеме до три бода. Верувам дека по мечот ќе славиме заедно со’Шверцерите’ кои како и секогаш се нашиот 12-ти играч, па ги повикувам да бидат што побројни, да не поддржат во текот на натпреварот и на крајот да славиме како што треба“ – вели најдобриот стрелец на Шкупи, Арби Воша, пред денешниот дуел.
На последните пет меѓусебни натпревари Шкупи има две победи, две средби завршија без победник, а еднаш славеше Вардар.
Интересно ќе биде и во Струга каде Струга ТЛ ќе треба да го потврди својот шампионски епитет, против една од најдобрите екипи во лигата, Шкендија.
Стружани, по онаа победа над Вардар, веруваат во три бода, но јасно е дека Шкендија ќе сака рехабилитација по она реми со АП Брера на домашен терен.
ПМФЛ – 13. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3
Велкоски 50′, Калпачки 54′ – Мишевски 23′, Стојков 26′, Алији 44′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
Деспотовски 54′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
Спахиу 38′, Ивановски 90’+1 – Абдула 12′, Атиемвен 34′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – АП БРЕРА 1-1
Јашароски 61′ – Галевски 65′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА