Шкупи во „невозможна мисија“ на Азорските острови

Фудбалерите на Шкупи се пред безмалку „невозможна мисија“ да ја анулираат предност од 0-3 на португалската Санта Клара од дуелот во Скопје во 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.

Чаирчани вечерва од 22 часот реванш дуелот ќе го играат во Понто Делгада на островот Сао Мигел, кој е дел од Азорскиот архипелаг во Атлантскиот океан.

Јасно е дека тимот на Гоце Седлоски има повеќе од тешка задача по поразот во Скопје. Па, Шкупи ќе игра за престиж, честа на клубот, и желба за докажување на сопствените квалитети против далеку пореномираниот противник.

 

Се вчитува...