Шмајхел спасуваше бод за Лестер

Лестер заборави да победува по паузата поради коронавирусот откако третопласираниот тим на табелата го забележа и второто реми во низа, овојпат на домашен терен против Брајтон (о-0).

Избраниците на Брендан Роџерс одиграа потпросечен натпревар во кој не создадоа ниту една стопроцентна шанса за гол. Напротив, најубавата ситуација на натпреварот ја пропуштија гостите, кои во првото полувреме имаа пенал, но Moпеј не успеа да го совлада Каспер Шмајхел. Домаќините имаат за што да простестираат откако во 92. минута имаше играње со рака на еден гостински дефанзивец, но ниту главниот судија, ниту ВАР-абритрите не решија да досудат пенал.

Ова беше севкупно четврто реми во низа за „лисиците“, кои сепак имаат девет бода предност во однос на петтопласираниот Манчестер Јунајтед („црвените ѓаволи“ имаат и натпревар помалку).

Се вчитува...