Шок: Алкараз предвреме се спакува од Шангај

Мастерс турнирот во Шангај донесе ново големо изненадување откако вториот носител Карлос Алкараз беше елиминиран уште во 3. коло.

Зизу Бергс од Белгија, моментно 39 на АТП листата е тенисерот кој го зеде скалпот на шпанскиот фаворит, приредувајќи го најголемото изненадување во досегашниот дел од турнирот.

Белгиецот беше подобар во клучните моменти во кои Шпанецот грешеше и на крајот ја плати цената за лошото издание. Бергс го доби првиот сет со 7-5. Вториот се решаваше во тај-брејк, а во него подобар беше Белгиецот со 7-4.

На останатите мечеви Медведев беше подобар од Сврчина од Словачка со 2-0, Циципас славеше со 2-1 на Американецот Фриц, додека младиот Шпнец Ходар ја доби битката со Лехечка исто така со 2-1.

Се вчитува...