Шок: И Барди не игра против Грузија!

Македонија ќе биде сериозно ослабена за утрешниот дуел со Грузија откако Енис Барди во последен момент отпадна од комбинација за настап на клучниот натпревар за пласман на ЕП 2022.

Барди пристигна според планот во Скопје и се очекуваше да биде меѓу главните адути на селекторот Ангеловски на овој натпревар, но утрово беше обелоденето дека тој нема да биде меѓу патниците за Тбилиси. Причина – болките во градите и грбот на кои Барди се пожалил на вчерашниот последен тренинг, по што селекторот во консултации со лекарскиот тим ја донел одлуката асот на Леванте да не биде дел од експедицијата за Тбилиси. Барди веднаш ќе се врати во Валенсија, каде врз него ќе бидат извршени детални лекарски прегледи.

Ова е последниот во низата проблеми за македонскиот национален тим, откако претходно од комбинација за настап отпаднаа и Адеми, Ристевски и Велковски.

Се вчитува...