Крилниот фудбалер на Челси, Михајло Мудрик, е казнет со четири години суспензија поради позитивниот допинг тест кон крајот на 2024 година, објави денеска Фудбалската Асоцијација заклучувајќи го случајот по големиот допинг скандал во кој беше вклучен поранешниот украински репрезентативец.
Во Челси се надеваа на поблага санкција, но раководството на ФА реши да ја изрече максималната казна за крилниот офанзивец, кој бил позитивен и при повтореното тестирање и дадениот Б примерок.
Украинецот веќе најавил дека ќе поднесе жалба до Спортскиот суд во Лозана, но се очекува овој процес да трае најмалку до крајот на годинава.
Изминатиот период во кој Мудрик не смееше да игра ќе биде вклучен во суспензијата, па доколку биде одбиена неговата желба – Украинецот ќе може да се врати на терените на крајот на декември 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

