Спортската јавно во Грција е во шок откако денеска пристигна трагична вест – во сообраќајна несреќа животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на нашиот јужен сосед, 33-годишниот Мариос Оиконому.
Трагедијата се случила додека возел мотоцикл и се судрил во аввтомобил што вртел полукружно. Брзата помош стигнала експресно на местото на несреќата, но за жал не успеала да го спаси животот на грчкиот фудбалер.
Оиконому во кариерата имаше шест настапи за А-репрезентацијата на својата земја, додека на клупски план ги бранеше боите на Јанина, АЕК, ФЦ Копенхаген, а имаше настапи и во италијанскиот фудбал, како член на Калјари, Болоња, СПАЛ и Бари.
Професионалната кариера ја заврши во 2024 година во дресот на Панетоликос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
