„Шок“ на белградска Маракана: Милојевиќ веќе ги „спакувал куферите“!?

Фудбалерите на Црвена Звезда имаа исклучително тешка недела. Во четвртокот победија со 2-0 во Брага во Лигата на Европа, но вчера српскиот шампион одигра само нерешено 0-0 против Раднички во Ниш.

Играчите беа казнети со по 10.000 евра за натпреварот во Брага, но тоа не ги разбуди црвено-белите, па дојде до пад во првенството.

По натпреварот, тренерот Владан Милојевиќ даде чудна изјава. Меѓу редови, тој спомена и заминување од клупата, за што се зборуваше долго време. Тренерот е главен фаворит за нов селектор на србија. 

„Јас сум одговорен човек, и свесен сум за ситуацијата. Ќе разговараме, ќе видиме. Нешто не е во ред. Имавме неколку разговори и ќе видиме во следните денови. Свесен сум дека постои огромно незадоволство. Не можам да кажам дека момците не сакаа, но нешто не е во ред. Јас сум одговорен за овие резултати. Ја сакам Црвена Звезда, и подготвен сум да направам се само клубот да биде подобар. Ќе разговараме со лушето и ќе видиме каква одлука ќе донесеме“, рече Милојевиќ.

Тој кажа дека му е чест што неговото име се споменува за селекторската функција на Србија.

„Многу ми е чест што моето име е воопшто споменато во тој контекст. На секој тренер му е чест да го тренира својот сакан клуб и еден ден да биде селектор на својата земја“, рече тој неодамна.

Се вчитува...