После 10 години на клупата, Пеп Гвардиола се одлучи да го напушти Манчестер Сити, објави „Дејли Мејл“.
Од почетокот на сезоната имаше шпекулации дека ќе си оди после завршувањето на сезоната, иако таа работа не е извесна и сега. Службена информација и натаму се чека, но ова е знак дека е готова ерата на Шпанецот на „Етихад“.
Во десет години како тренер на Манчестер Сити, Пеп освои 20 трофеи. Шест пати беше првак на Англија, а под негово водство дури четири титули беа во низа. Во 2023 година ја освои и Лигата на шампионите, прва во историјата на клубот.
Според „Дејли Мејл“, се очекува оваа вест да биде потврдена во недела.
Што се однесува до неговиот наследник, се шпекулира со името на Енцо Мареско, како и со Винсент Компани, актуелниот тренер на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
