Шок на „Сантијаго Бернабе“: Реал водеше до 71. минута, на крај загуби од Вилјареал (ВИДЕО)

Интересен, возбудливи  драматичен натпревар на „Сантијаго Бернабе“ меѓу Реал Мадрид и Вилјареал. Реал влезе во мечот по импресивното издание на „Ноу Камп“ и победата од 0-4 над вечниот ривал Барселона. Меутоа овој натпревар го загуби и тоа во драматичен финиш.

Реал водеше во 16. минута со автогол на Пау Торес. Вилјареал напаѓаше да дојде до израмнување, а Куртоа бранеше се. Меѓутоа не можеше ништо по одличната акција и завршницата на Чуквуезе во 39. минута.

Кралскиот клуб со ремек-делото на Винициус одново имаше предност во 48. минута. И таа предност ја држеше до 71. минута, кога Моралес донесе израмнување. Кога се чинеше дека Реал Мадрид повторно ќе тргне по нов гол, се случи спротивното. Чуквуезе со прекрасен гол во 80. минута го замолкна „Сантијаго Бернабе“ и донесе предност за „жолтата подморница“.

Следуваа возбудливи моменти, и досуден пенал за Реал Мадрид, но потоа и поништен откако судијата гледаше ВАР.

Се вчитува...