Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, доаѓаат ексклузивни информации од италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Според тие информации, одлуката е донесена по детална анализа на резултатите и разговорите меѓу холандскиот стручњак и раководството на клубот од „Енфилд“.
Доколку пишувањата се покажат како вистинити, тоа ќе биде еден од најголемите шокови во европскиот фудбал ова лето, со оглед на очекувањата што следеа по доаѓањето на Слот во Ливерпул како наследник на Јирген Клоп.
Тренерот на Бормут, Андони Ираола, се споменува како прв фаворит за испразнетото место. Шпанскиот стручњак остави одличен впечаток во Премиерлигата и долго време е на радарот на неколку големи европски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
