Шок од Франција: Мбапе на тестирање за коронавирус

Шокантна вест доаѓа од Франција, откако тиражниот весник „Л’Екип“ објави дека Килијан Мбапе денеска бил тестиран за коронавирус, по влошената здравствена состојба на голгетерот на ПСЖ во последните 48 часа.

Францускиот репрезентативец од вчера воопшто не се појавува на тренинзите на ПСЖ во пресрет на реваншот со Борусија, вообичаените лекарски третмани не вродиле со плод, по што се јавиле стравувања дека Мбапе можеби е позитивен на коронавирус. Резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден, но во таборот на ПСЖ се оптимисти дека не станува збор за оваа болест.

Евентуалниот позитивен тест би предизвикал „потрес“ во францускиот фудбал, бидејќи Мбапе во изминатите денови тренираше со соиграчите од ПСЖ, па целиот тим на „светците“ би морал да биде ставен во карантин, воедно и би морал да биде одложен дуелот со Борусија Дортмунд.

Се вчитува...