Шок од Германија: Левандовски не е избран за играч на сезоната во Бундес-лигата

Сезоната во Бундес-лигата заврши со нова титула на Баерн Минхен, а Роберт Левандовски го урна неверојатниот рекорд на Герд Милер со 41 постигнат погодок во елитното германско фудбалско друштво.

Токму затоа, шокантно делува информацијата дека Левандовски не беше избран за играч на сезоната во Бундес-лигата, откако признанието заврши во рацете на Ерлинг Халанд. Младиот Норвежанец ја заврши сезоната со 27 гола и шест асистенции, со што беше трет стрелец во Бундес-лигата (подобар од него беше и Силва од Ајнтрахт со 28 погодоци), но сепак собра најмногу гласови во трката за МВП на сезоната.

Се вчитува...