Шок од Куман – „шут-карта“ за еден од најголемите таленти на Барса

Целата фама околу иднината на Лионел Меси во Барселона стивна, но каталонските навивачи од денеска повторно имаат причина за загриженост, откако Роналд Куман му соопштил на Рики Пуиг дека воопшто нема да смета на неговите услуги во наредната сезона. Пуиг (20 год.) важи за еден од најголемите таленти на Барселона заедно со Ансу Фати, тој имаше солидни настапи под водство на Сетиен и се очекуваше уште поголема минутажа во новата сезона, но Куман процени дека овој играч воопшто нема да му биде потребен во тимот.

Поради ова младиот плејмејкер воопшто нема да се појави на вечерашниот натпревар од против Елче, а од утре се очекува Барса да размислува за негова продажба. Проблем претставува фактот што неговиот договор истекува во јуни 2021 година, па каталонците не можат да се надеваат ниту на повисока отштета од овој трансфер, а воедно ќе останат и без играч кој лесно би можел да се развие во голема фудбалска „ѕвезда“.

Очигледно е дека хаосот во Барселона допрва ќе се продлабочува, веќе е инициран процесот за гласање за недоверба во Бартомеу, а покрај Меси лесно може да се случи да си замине и Тер Штеген, кој ги прекинал преговорите за нов договор со образложение дека не сака да потпише со оваа управа на каталонскиот гигант.

Се вчитува...