Непријатни вести доаѓаат од Торино, италијанскиот првак Јувентус се затвора во најстрога форма на карантин. Дефанзивецот Даниеле Ругани бил позитивен на тестовите за коронавирусот и веднаш е префрлен на лекување, а целиот клуб е ставен во изолација.
Сите фудбалери на Јувентус, како и раководните структури ќе мора да ги минат процедурите на строга изолација, а се тестираат сите кои биле во близок контакт со Ругани. Дополнително веројатно ќе бидат тестирани и фудбалерите на Интер, кои го играа дербито против Јувентус на празен стадион во Торино и загубија со 2-0.
Според некои информации, Кристијано Роналдо претходно го напуштил Торино и заминал за родната Мадеира во посета на мајка си, која преживеа мозочен удар и се уште се наоѓа под медицински третман.
Јувентус следната седмица треба да го игра реванш осминафиналниот меч од Лигата на шампионите против Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА