Историја се испишувз во српската кошарка откако за првпат од осамостојувањето на оваа земја во финалето на плејофот нема да играат ниту Партизан, ниту Црвена Звезда.
Федерацијата го промени форматот, па победникот на шампионатот се решава на фајналфор на неутрален терен во Ниш, таму најпрвин шампионот Партизан загуби од ФМП, за вечерва да биде комплетирано уште едно изненадување, Црвена Звезда загуби од Спартак Суботица со 90-89, втора година по ред „црвено–белите“ се елиминирани од ривалот од северот на Србија.
Финишот беше суперинтересен, Спартак имаше удобна предност, но „црвено-белите“ постигнаа четири тројки и со обидот на Батлер од далечина поведоа со 89-88 на девет секунди до крајот.
Тренерот Влада Јовановиќ побара тајмаут, а одговорноста ја презеде Хенлан кој со „флоутер“ на секунда пред крајот му донесе огромен триумф на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
