Незапаметена ситуација на СП 2026 уште на самиот старт. Селектор доби отказ од функцијата по само еден одигран меч на својата национална селекција среде Мундијалот 2026.
Стнаува збор за репрезентацијата на Тунис и селекторот Сабри Ламуши, кој се наоѓа на излезна врата по утринското фијаско и убедливиот пораз од 5-1 од Шведска. Ламуши пред првенството храбро најавуваше дека оваа селекција е подготвена максимално да ги замрси сметките на фаворитите во групата, но на теренот во Монтереј против Шведска бевме сведоци на нешто дијаметрално спротивно.
Тунижаните делуваа дезорганизирано, тактички и физички беа целосно надиграни од противникот, а вината од огромен дел од јавноста е насочена токму кон селекторот.
Според туниските медиуми, одржан е кризен состанок на Туниската федерација на кој е одлучено селекторот Ламуши да добие отказ.
Одлучено е на чело на Тунис до крајот на овој мундијал да застане поранешниот репрезентативец Вахби Казри, кој е дел од стручниот штаб на Ламуши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
