Иван Стриниќ летово од Сампдорија се пресели во Милан, потоа имаше и значајна улога во историското сребро на Хрватска на СП 2018, но левиот бек денеска дозна шокантна вест – дека поради срцеви проблеми е принуден привремено да ја прекине својата фудбалска кариера.
„Деталните лекарски прегледи покажаа дека Иван Стриниќ има заболување на срцевиот мускул. Поради ова следи период на одмор и на нови детални прегледи. Стриниќ нема да може да извршува било каква спортска активност додека прегледите не бидат комплетирани“ – се вели во соопштението на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА