Шок во Дортмунд: Шалке му ја подари титулата на Баерн

Борусија Дортмунд ги загуби речиси сите шанси за титулата откако „милионерите“ попладнево загубија со 1-4 во рурското дерби против Шалке. Домашните фанови беа во шок откако нивните миленици поведоа со голот на Марио Геце, но потоа во рок од пет минути примија два гола.

Нервозата растеше, па „милионерите“ ги загубија нервите и во 60. и 65. минута добија два црвени картони (Ројс и Волф), во знак на тотална немоќ и попуштање под поголемиот притисок. Калигури со својот втор гол стави крај на дилемите околу победникот, „милионерите“ и со двајца играчи помалку на теренот постигнаа почесен гол преку Витсел, за точка на мечот во 87. минута да стави Емболо. По овој пораз Борусија сега на три кола до крајот има еден бод помалку од Баерн, но и натпревар повеќе (баварците утре му гостуваат на Нирнберг).

Ајнтрахт си го искомпликува животот во трката за место во ЛШ откако во Франкфурт одигра само 0-0 против Херта. Лајпциг нема такви проблеми откако овој тим си го осигура третото место на табелата со триумфот од 2-1 над Фрајбург, благодарение на погодоцит на Вернер и на Форсберг.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Шалке 2-4, Ајнтрахт – Херта 0-0, Лајпциг – Фрајбург 2-1, Фортуна – Вердер 4-1, Хановер – Мајнц 1-0.

Се вчитува...