Серхио Рамос се уште не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Капитенот со „кралевите“ има договор кој му истекува на крајот на сезоната, а од клубот не сакаат да му продолжат на повеќе од две години.
Рамос не се сложува со тоа бидејќи сака подолг договор, па затоа големи се шансите да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Доколку се случи тоа неколку тима се фаворити за неговиот потпис. Можно е да се врати во Севилја, тим од кој премина во Реал Мадрид, а во игра се и Тотенхем, двата тима од Манчестер, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА