Шок во светскиот тенис: Барти ја заврши кариерата на 25 години

Најдбората тенисерка во светот, Ешли Барти на големо изненадување на сите одлучи да ја заврши професионалната кариера на 25 години.

Барти е актуелна шампионка од Австралија опен годинава, а претходно во кариерата ги освојуваше и Ролан Гарос и Вимблдон.

„Среќна сум и подготвена тоа да го направам. Знам дека во овој момент за мене како личност ова е најисправната работа да ја направам. Не знаев како да ја споделам оваа вест со вас, па ја прашав мојата добра пријателка Кејси Делаква да ми помогне. Благодарна сум за се што овој спорт ми даде и чувствувам се гордо и исполнето“, напиша Барти. 

Барти кариерата ја заврши со скор од 305 победи и 102 порази и вкупна заработка од 23.829.071 долар.

Се вчитува...