Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е во очекување на најголемото засилување во зимскиот преоден рок, Уругваецот Единсон Кавани, но трансферот се искомпликува. Пари Сен Жермен не сака да му дозволи да си замине доколку не добие 20 милиони евра отштета, а тој има само уште шест месеци од актуелниот договор со францускиот првак. Раководството на „јорганџиите“ понуди 15 милиони евра, плус бонуси од успесите со клубот, но ПСЖ не попушта во намерата да ја добие бараната сума.
Оттаму и неизвесност дали Кавани ќе пристигне на „Ванда Метрпополитано“ до затворањето на зимскиот трансфер маркет. Атлетико Мадрид сака да го продаде Томас Лемар и тие пари да ги вложи во купувањето на Единсон Кавани, но и трансферот на Французинот во Арсенал засега „виси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА